Апликации и плагини што ги развиваме и одржуваме — за онлајн продавници, угостителство и компании.
Внесете SKU, EAN или име — апликацијата ги пронаоѓа и пополнува описите, спецификациите, сликите и SEO полињата. За онлајн продавници со голем каталог.
Дознај повеќеГостите го скенираат QR кодот и го отвораат менито на телефон — без апликација, на повеќе јазици. Вие го уредувате менито во секое време.
Дознај повеќеПортали, интерни системи и SaaS платформи за компании — со корисници и улоги, dashboard-и и интеграции со вашите постоечки системи.
Дознај повеќеПријава и одјава на вработените со QR код или баркод, смени, часови и прекувремено, улоги и извештаи усогласени со македонскиот Закон за работни односи.
Дознај повеќеРешенија што веќе работат во продукција кај наши клиенти — инсталирање и прилагодување наместо градење од нула.
Автоматско креирање и следење пратки за ELS Express, директно од WooCommerce.
Целосна интеграција со Карго Експрес — пратки, етикети и следење во живо.
AI генерирани SEO наслови, мета описи и текстови за целиот каталог.
Server-side Meta Conversions API со дедупликација на настани, плус враќање на напуштени кошнички.
Залиха и цени синхронизирани меѓу POS во продавница и WooCommerce — delta sync, аларми, панел.
Пријава на вработени со QR/баркод киоск, улоги и извештаи усогласени со македонскиот закон за работни односи.
Ви треба нешто слично за друг курир, POS или систем? Го прилагодуваме. Прашајте не
Кажете ни за проектот и ќе го специфицираме — бесплатно, без обврски.
Димитар Цавкулоски · AI асистент